Мени
Вашата кошничка

ПОПУСТ од 10 до 50%

Емигрантка

Емигрантка
Емигрантка
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Ирена Павлова Де Одорико
  • Димензии: 13.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 78
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-727-7
160.00 ден.
Без ДДВ: 160.00 ден.

ДРУГИ ИЗДАНИЈА ОД ОВОЈ АВТОР

Книга за мигрантските  процеси, кои се првенствено, во нас. Оние внатрешни мапи на придвижување, видливи само за окото на Создавачот. Раѓањето, животот и смртта, како три круцијални раздвижувања ОД и КОН. Но, ова е запис, психолошки дневник или психолошки профил за принудно исцртаните граници вон нас. Некои од нас, треба да ги преминат на подолго време или остатокот од сопствениот живот, откако тргнале „на патот“. Емигрантката во овој мини-роман, не верува во граници или барем не верува во неможноста истите да се надминат, за да се вратиме во онаа состојба кога бевме ѕвезди и светевме однатре, таму, горе, на хоризонтот, без етикети, дефиниции, ограничувања. Без граници. Во оваа книга, миграциите служат за да бидат надминати, за да се отпатува од другата страна на секоја предрасуда, на било каков систем во форма на кафез, кој катадневно ги ограничува нашите страсти, нашите пориви, нашиот стремеж кон височините.
Раскажувајќи, соопштувајќи се себеси, во прво лице, таа најсамосвесно говори за сите сопствени фази на трансформација, патувајќи до главниот центар на еден конкретен статус, вон сопствената земја, од каде се изведуваат сите прашалници во врска со смислата и целта на сите наши граници и премини.
Метафората на миграцијата, во овој случај, на емиграцијата е многузначна, сложена, изведена на повеќе нивоа.
Од физичкото, менталното, душевното, до едно потполно претопување со една дури и надинтуитивна перцепција на земското и небеското, баналното и сакралното, темното и вечната светлина. Патувањето кон химери, кои овојпат, можеби можат да се допрат.

Од авторката