Име на училиштето:  Јунус Емре

Адреса на училиштето: с.Лисичани,општина Пласница

Телефон : 076202550

Факс: 0450284-055

Е-маил на училиштето: s_lisicani@yahoo.com

Директор на училиштето : Ајнур Бајрамоски

Каде се наоѓа училиштето: с.Лисичани , општина Пласница

Училиштето  како подрачно  училиште  постои од  1948 година, додека како централно под името Мирче Ацев функционира од  1973 г. Името Јунус Емре, по големиот турски поет и духовен водач, го добива во 2015 година.

Краток историјат на училиштето:

Училиштето има три подрачни училишта кои се наоѓаат во с.Вранештица, с.Челопеци и с.Староец. Во централното училиште има по една паралелка од прво до деветто одделение со вкупно 105 ученици кои се образуваат на турски наставен јазик. Во подрачното училиште во с. Вранештица настава на македонски наставен јазик следат 14 ученици од прво до деветто одделение, распоредени во 6 паралелки, од кои една комбинирана.  Во подрачното училиште во с.Челопеци настава на турски јазик  следат 19 ученици во две комбинирани паралелки од прво до петто одделение. Во подрачното училиште во с. Староец функционира една комбинирана паралелка на македонски наставен јазик со 5 ученици од прво до петто одделение. Училиштето располага со 17 училници и библиотека со околу 5500 изданија на турски и македонски наставен јазик. Училиштето има 4 патнерски училишта во земјава и едно основно училиште од Република Турција.