
Општинско основно училиште „Климент Охридски“,Миравци-Гевгелија
Миравци е сместено на западниот брег на реката Вардар, на оддалеченост од околу 5 километри од нејзиното корито!
Училиштето е сместено во северниот дел на Миравци. Објектот е нов, убаво уредено, а има и голем, убаво уреден двор! Од надворешниот изглед на училиштето, паѓа в очи зелено жолтата боја на фасадата и интересниот облик на покривот ! Нашето училиште и дворот се украс и гордост на нашето населено место и пошироко!
Адресата на училиштето е :ул.Гоце Делчев бр.35,Миравци.
телефони: 034-229-017 и 34-511-978 ;
e-mail: oumiravciepiskop@yahoo.com
ВЕБ страна : http://www.ooukliment.edu.mk/
Денес училиштето има 12 одделенија и брои 150 ученици. Училиштето(заедно со подрачните училишта) располага со 15 училници,8 кабинети,спортска сала и надворешни спортски терени.Наставата се изведува во една смена. Принципи на кои се темели работата на нашето училиште се: создавање услови за развој на демократичноста и индивидуалните способности на учениците, ефикасност во образованието, воведување на основните воспитно образовни стандарди, развивање на соработката меѓу учениците, наставниците и родителите, поврзување со локалната средина, меѓуетничка интеграција и интеграција на децата со пречки во развојот.
Училиштето учествува во различни проекти : Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, Меѓуетничка интеграција во образованието паралелно со унапредување со интегрирано образование, антикорупција, ненасилство. Отпочнат е и проектот за критичко размислување КРРП.
Вообичаено е нашите ученици да учествуваат на скоро сите натпревари од различни наставни области.
На училишно ниво, неколку години на ред , се организираат училишни натпревари по македонски јазик и истите се реализираат во вид на квиз натпревар од литература.
По повод месецот на книгата, на општинско ниво, наша екипа редовно учествува на квиз натпреварот од литература , презентација на дело од литература, литературна творба на одредена тема и натпревар за рецитирање. Посебна активност во врска со натпревар за рецитирање директно на републички натпревар. По библиотекарство наша екипа учествува или освојува место и на државен натпревар. Овие натпревари се организираат во месеците октомври и ноември.
Наши екипа ученици одат на државни натпревари од противпожарна заштита. Особено успешни ни се учествата на наши ученици на државни натпревари по македонски јазик географија, англиски јазик, математика , природни науки, биологија, сообраќајно образование, иновации и други. Овие натпревари се одржуваат од март до мај месец во тековната учебна година.
Нашите очекувања се да ги повториме досегашните успеси на натпревари од различни рангови и области. Признанија за постигнатите успеси се многубројните дипломи и пофалници.