СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ДИМИТАР МИРАСЧИЕВ – Штип

СОУ „Димитар Мирасчиев“ се наоѓа во центарот на градот  Штип. Адресата на училиштето е: ул.Вита Поп Јордановаа бр.2, 2000 Штип. Телефонот/факсот, е-маилот и веб страницата на училиштето се: +389 32 390 591, dmirasciev@yahoo.com,  dmirasciev.edu.mk.  вд.Директор на училиштето е Катица Костова.

Училиштето е основано во 1952 година, како техничко училиште за потребите на тогашната предилница за памук позната меѓу работниците како „предарата“. Од тогаш до денес училиштето поминало низ многу реформи. Во 1961/62 година тоа се трансформирало во училиште за образование на кадри од текстилна струка познато како училишен текстилен центар. Во 1978/79 година се вовеле нови реформи за стручно образование. Во 1981/82 година училиштето доби свој патрон во чест на првоборецот „Видое Смилевски-Бато“, а од уччебната 1993/94 нов патрон во чест на револуционерот Димитар Мирасчиев. Од учебната 1998/99 верифицирана е кожарска струка за образовен профил „Кожарски техничар“, една година подоцна „Техничар за обувки“. Според реформите во средно стручно образование верифицирано е за образование на кадри од текстилно-кожарска струка со образовни профили (Конфекциски техничар, Текстилен техничар, Техничар за обувки, Конфекциски компјутерски оператор), а од учебната 2019/2020 со реформирање на техничкото образование  воведени се нови квалификации со модуларно дизајнирани и кредитно вреднувани наставни програми компатибилни со бизнис секторот (Техничар за дизајн на облека, Техничар за моделирање на облека).   Денес училиштето има 9 паралелки со 70 ученици. Училиштето располага со 7 училници (2 кабинети), 1 работилница, 1 спортска сала, 1 спортско игралиште и 1 библиотека. Наставата се изведува и претпладне и попладне.  

Училиштето има учествувано во следниве проекти: Проект на CISS, Палермо – Италија,  преку ЦИСС (Меѓународна соработка Југ Југ подружница во Р.М), Проект на УСАИД – „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување – ЈЕС Мрежа“, Проект на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во образованието – МИО, Проект за воведување на средношколците на пазарот на трудот „Одбиј работа на црно“, Саем за кариера „Биди мотивиран – успеј во сонот“ од страна на Локалниот Економско Социјален Совет Штип, Проекти за мали и средни претпријатија во рамки на програмата хоризонт 2020, Менаџерски вештини за раст на мали и средни претпријатија.