Мени
Вашата кошничка

Ледената палата

Ледената палата
Распродадено
Ледената палата
  • Залиха: Распродадено
  • Автор: Тарјеи Весос
  • Димензии: 13.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страници: 185
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-774-1
420.00 ден.
Без ДДВ: 420.00 ден.

Прекрасниот и поетски роман на норвешкиот автор Тарјеи Весос, едно од најнезаборавните достигнувања на модерната литература е за прв пат објавена во 1963 година и се смета за класик на норвешката литература. „Ледената палата“ е роман за чувствата кои се будат, за осаменоста и отуѓеноста од светот, за тоа што значи да се биде дете и што значи да се стои на прагот на светот на возрасните и за онаа мрачна погранична земја во душата каде различни струи, соништа и нагони се борат за моќ.

„Колку е едноставен овој роман. Колку суптилен.
Колку силен. Колку различен од сите останати.
Единствен е. Незаборавен. Невообичаен.” 
— Дорис Лесинг

Учениците го нарекуваат Ледената палата: замрзнат водопад во норвешките фјордови преобразен во фантастична структура на транспарентни sидови, пенливи кули и тајни одаи. Тој ги фасцинира двете млади девојки, осамената Ун и темпераментната Сис, кои создаваат интензивно пријателство. Кога Ун сама ќе реши да ја истражи Ледената палата и не се враќа, Сис мора да се обиде да се соочи со загубата на нејзината пријателка без да подлегне на замрзнатиот свет кој самата ќе го создаде.

Колачиња (Cookies)
Користиме колачиња и други идентификатори за да ви овозможиме најдобро искуство со нашата интернет страница. Може да прочитате повеќе за тоа како ги користиме колачињата и другите идентификатори, во нашата Политика за колачиња. Со продолжувањето да ја користите оваа страница, прифаќате да користиме колачиња и други идентификатори.