Мени
Вашата кошничка

Ог Мандино - Комплет од 3 книги

Ог Мандино - Комплет од 3 книги
Ог Мандино - Комплет од 3 книги
Ог Мандино - Комплет од 3 книги
Распродадено
Ог Мандино - Комплет од 3 книги
Ог Мандино - Комплет од 3 книги
Ог Мандино - Комплет од 3 книги
Ог Мандино - Комплет од 3 книги
  • Залиха: Распродадено
  • Автор: Ог Мандино
  • Димензии: 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страници: 163,134,107
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 9989-33-116-2
720.00 ден.
Без ДДВ: 720.00 ден.

ДВАНАЕСЕТТИОТ АНГЕЛ

“Уште еднаш Бог прошепотел нешто прекрасно во увото на Ог Мандино – тоа нешто прекрасно е Дванаесеттиот Ангел.” – Лери Гетлин
Сместена во срцето на Њу Ингланд, гордата заедница на Боланд, во Њу Хемпшир, го слави враќањето на еден од нивните. Џон Хардинг имаше се: високо платена работа, прекрасна сопруга и убав седумгодишен син. Тогаш, низ трагичниот пресврт на судбината, животот на Џон се урнува до најдлабок очај. Неговата жена и син умираат во сообраќајна несреќа. Џон се повлекува во тоа што останало од неговиот живот, тетеравејќи се на работ на самоубиството.

Но, наскоро се појавува светлина: стар пријател на Џон стапнува на неговиот праг со утешителни зборови и со молба. Тој сака Џон да го раководи неговиот стар тим од малата лига, Ангелите. Џон неволно прифаќа. За време на пробите тој запознава едно осамено момче, Тимоти Нобл.

Ова момче кај Џон буди вчудоневидувачка сличност со неговиот син – и низ ова невообичаено пријателство Џон ја наоѓа мудроста во животот, за кој тој мислеше дека му се испуштил од неговиот допир засекогаш...

“Многу посебна приказна за животот, љубовта и храброста...Дванаесеттиот Ангел на Ог Мандино ми пушти солзи по моите образи.” – Мерлин Олсен

НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА НА СВЕТОТ

Ог Мандино е автор на 17 бестселери продадени во повеќе од 50 милиони примероци преведени на повеќе од дваесет и пет светски јазици. Со тоа, тој станува еден од најчитаните писатели на книги за вдахновеноста и самопомошта.

НАЈГОЛЕМИОТ УСПЕХ НА СВЕТОТ
 

Страшна книга! Нејзините заповеди за успехот се мошне силни и даваат инспирација – тоа е план за постигнување на душевен мир, среќен и успешен живот. – Џ. Вилард Мериот, претседател на Управниот одбор на Merriot Corporation

Ог Мандино повторно докажа дека е мајстор на раскажувањето, со способност да ги открие принципите кои на сите што ќе се определат за нив ќе им овозможат да стекнат вистински богатства во животот. Оваа книга е навистина чин на љубовта. – В. Клемент Стоун, претседател и основач на Combined International, Inc.

Почнав да го читам “Најголемиот успех на светот” и не можев да прекинам со читање. – Ричард М. Девош, претседател на Amway Corporation