Мени
Вашата кошничка

Салвадор Дали - Комплет од 2 книги

Салвадор Дали - Комплет од 2 книги
Салвадор Дали - Комплет од 2 книги
Салвадор Дали - Комплет од 2 книги
Салвадор Дали - Комплет од 2 книги
Салвадор Дали - Комплет од 2 книги
  • Залиха: Достапен
  • Димензии: 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страници: 102-77
  • Корица: мек повез
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-626-3
200.00 ден.
Без ДДВ: 200.00 ден.

ЈАС СУМ ГЕНИЈ

Во оваа многу ретка и мошне значајна автобиографска книга, авторот Салвадор Дали (1904-1989) ги објаснува своите животни и уметнички постапки, комплексните основи на својата ексцентричност и бескрајната надреалистичка фантазија со која го обележа сликарството во дваесеттиот век. Во книгава се содржани следниве тематски целини: Тајниот живот на Салвадор Дали, Раѓањето на Салвадор Дали, Анегдотскиот авторитет, Детството, Младешкото доба, Каменото доба, Средбата со Гала, Мојата борба и Повторно Париз.Салвадор Дали е шпански сликар и протагонист на надреализмот, а неговото дело е забележливо по впечатливите комбинации на бизарните халуцинантни претстави и извонредната сликарска умешност под влијание на ренесансните мајстори.Тој е уметник со огромен талент и имагинација, цртежите му се изведени до перфекција и секогаш во простор во кој се насетува родниот крај. Со своите слики изврши големо влијание врз низа уметници од целиот свет и тие се одликуваат со распространет симболизам. Салвадор дали самиот за себе вели: „Јас сликам слики што ме прават да умрам од радост, јас креирам со апсолутна природност, без и најмала естетска грижа,јас правам нешта што ме инспирираат со длабока емоција и се трудам да ги насликам нештата искрено.“

ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПРСТИТЕ (ЕСЕИ)

Овој избор од есеи од Салвадор Дали ги содржи текстовите создадени од 1929-1937 година во надреалистичкиот период.

Cookies
Користиме колачиња и други идентификатори за да ви овозможиме најдобро искуство со нашата интернет страница. Може да прочитате повеќе за тоа како ги користиме колачињата и другите идентификатори, во нашата Политика за приватност. Со продолжувањето да ја користите оваа страница, прифаќате да користиме колачиња и други идентификатори.