Важно известување: На нашата интернет-книжарница feniks.net.mk имате можност да купувате печатени, стандардни изданија.
Процес на нарачка
Прв чекор: Изберете ги продуктите што сакате да ги нарачате
Покрај секој наслов/артикл се наоѓа копчето „Нарачај“ – кликнете на него и производот автоматски ќе биде додаден во вашата кошничка.
Во кошничката можете да додавате неограничен број производи, како и да ги бришете продуктите што предходно сте ги додале.
На ист начин, во кошничката може да се додадат и производите од листата на желби.
Во секој момент, со поглед кон горниот десен агол на екранот, можете да видите колку продукти имате во кошничката и која е нивната вкупна вредност.
Кога ќе ги одберете сите книги што сакате да ги нарачате, притиснете на копчето „НАРАЧАЈ“ и преминете на вториот чекор од процесот.
Втор чекор: Прегледување на вашата кошничка
Откако ќе ги изберете продуктите што сакате да ги нарачате и ќе притиснете на копчето „ВО КОШНИЧКА“, ќе бидете автоматски префрлени во вашата потрошувачка кошничка. Во неа јасно се прикажани продуктите што ги нарачувате, количините (кои можете да ги смените во секој момент) и вкупната вредност на нарачката.
Трет чекор: Внесување на вашите податоци
Во овој дел треба да ги пополните полињата со потребните лични информации. Полињата што се обележани со ѕвездичка (*) се задолжителни и без нив вашата нарачка нема да биде успешно извршена. Ако сте веќе регистриран член, најавете се со внесување на вашата имејл-адреса и лозинка. Доколку сте веќе регистриран член, при внесувањето на имејл-адресата системот ќе ве препознае и веднаш ќе ви даде можност да се најавите.
Четврт чекор: Метод на испорака
За нарачки во Македонија доставата ја врши курир-службата „Карго Експрес“.
Пратката ќе пристигне на вашата домашна адреса од 1 до 3 работни дена од комплетирањето на нарачката. Поштарината автоматски се пресметува и се додава кон вредноста на нарачката врз основа на нејзината тежина.
Сите нарачки над 1.000 денари во границите на Македонија се квалификуваат за бесплатна испорака.
Забелешка: Поради сигурност на пратката, ве молиме наведете го вашиот телефонски број, на кој курир-службата ќе може навремено да ве исконтактира со цел да го договорите времето на достава на пратката. Во случај пратката да биде вратена од оправдани причини, трошоците за повторно праќање паѓаат на сметка на купувачот.
Петти чекор: Информации за плаќање
Одберете го начинот на плаќање. На интернет-книжарницата feniks.net.mk можете да изберете меѓу два метода на плаќање:
1. Готовинско плаќање при моментот на достава на пратката
2. Плаќање со платежна картичка.
Готовинско плаќање при моментот на достава на пратката
Доколку сакате да платите во готовина во моментот кога курирот ќе ја достави пратката до вашата домашна адреса, изберете ја оваа понудена опција. Услугата ќе ве чини дополнителни 30 денари кои автоматски се додаваат кон сумата во вашата кошничка.
Плаќање со платежна картичка
Доколку при нарачката сте го избрале овој начин на плаќање, системот автоматски ве пренесува на страницата за електронско плаќање на Комерцијална банка Скопје.
Шести чекор: Прегледување на нарачката
Во овој чекор можете детално да ја прегледате својата нарачка. Во десниот дел се вашите податоци, адреса за испорака, методот за испорака и плаќање, кои предходно ги избравте.
Во левиот дел можете да ги прегледате продуктите кои ги нарачавте, нивната количина и цена. За потврдување на нарачката притиснете на зеленото копче „ПОТВРДИ“ во долниот десен агол.
Веднаш по комплетирањето, ќе добиете имејл за потврда на нарачката и линк за да го следите нејзиниот напредок.
МЕТОД НА ИСПОРАКА
За пратки во границите на Македонија ги користиме услугите на курир-службата „Карго Експрес“.
Времето потребно за испорака на вашата пратка е до 3 работни дена од моментот на комплетирање на нарачката.
До отстапки или пролонгирање на испораката може да дојде доколку примачот не е на адресата која е внесена во нарачката, поради лоши временски услови и поради сите останати непредвидливи ситуации што можат да влијаат врз транспортот на пратката.
Достава на пратките се врши во работни денови, од 8:00 до 16:00 часот. За достава на нарачка можете да наведете и друга адреса од онаа на која живеете, на пример, адреса на работно место.
БЕСПЛАТНА ДОСТАВА
За сите нарачки над 1.000 денари во границите на Македонија поштарината е бесплатна.
ИСПОРАКА ВО СТРАНСТВО
За нарачки надвор од границите на Република Македонија ги користиме услугите на Македонска пошта и DHL брзата пошта, во зависност a со тоа и можност за избор меѓу редовна или брза пошта.
Нарачките надвор од Република Македонија можете да ги платите единствено со платежна картичка.
Цената на испораката на книгите во странство се калкулира на следниот начин:
1. Редовна пошта – препорачана пратка преку услугите на Македонска пошта:
-за пратки до 1 килограм – 615 денари
- за пратки до 2 килограми – 916 денари
Рокот на испорака е 2 до 3 недели за Европа, 4 до 6 недели за прекуокеански пратки.
2. Брза пошта – DHL
- за пратки до 1 килограм – 35 евра
- за секој нареден килограм цената се зголемува за дополнителни 5 евра, односно 2,5 евра за секој половина килограм (500 гр)
Рокот на испорака до Вашата адреса е најдоцна за 3 работни дена во Европа, 4-5 работни дена за САД и 5-6 дена за Далечниот исток и остатокот од светот.
Забелешка: Примачот на пратката е увозник и мора да ги почитува сите закони и прописи на земјата на испорака. Нарачките, коишто се испраќаат во странство може да бидат предмет на увозни давачки, царини, даноци и такси од страна на земјата назначена за испорака. Дополнителните трошоци за царинење ќе бидат на товар на примателот.