Едгар Алан По (1809-1849) е американски поет, раскажувач, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот. Иако себеси се гледа како непоправлив реалист, По во повеќе случаи се покажал како мајстор на фикцијата. Така е и со романот Авантурите ..
Жан Расин (1639-1699), покрај Молиер е еден од најголемите француски драмски писатели во жанрот на трагедијата. Тој живеел во времето на Луј XIV и бил член на Француската академија. Автор е на: Андромаха, Британик, Бајазит Ифигенија, Федра, Аталија, Александар и други дела. Студирал филозофија, каде..
Софокле (помеѓу 496 и 494-406 година п.н.е) во трагедијата „Антигона“ ги спротивставува непишаните закони на пишаните. Во однос на претходниците, творештвото на Софокле е помодерно; ликовите се психолошки обликувани и се градат низ судирите. Токму низ тој судир Софокле ги внесува модерните елементи,..
Своите басни, од кои читателот има во рацете на еден одбран дел, Доситеј Обрадовиќ (1742-1811) ги создавал паралелно со преведувањето и преработувањето на басните на познатите светски баснописци: почнувајќи од славниот баснописец Езоп, па Ла Фонтен, Лесинг... Како што е познато, басните се кратки ли..
Познатиот руски баснописец Иван Андреевич Крилов почнал да пишува во својата шеснаесетта година. Тој бил најуспешен како сатиричар, а во басните го наоѓа својот вистински израз и стекнува голема популарност и бесмртна слава ширум светот. Крилов е роден во Москва во 1769 година. Првите четири децении..
Францускиот баснописец Ла Фонтен се огледал речиси во сите книжевни родови: песни, новели, романи, комедии и текстови за опера. Тој басната ја преработува и ја освежува со елементи на драма, сатира и поезија. Неговите басни не се четиво само за децата,туку и за возрасните. Животните на Ла Фонтеновит..
Антон Павлович Чехов (1860-1904), руски новелист и драматичар. Книжевната работа ја започнал со критики за хуморески, а продолжува со новели во кои ги обработува изгубените и отуѓени ликови. Фабулите на неговите дела се едноставни бидејќи Чехов настојува да пројави впечаток, угодност и атмосфера. То..
Романот Галебот Џонатан Ливингстон од Ричард Бах, објавен во 1936 година претставува вистински книжевен евергрин не само кај нас, туку и во светот. Критичарите, и со право, ова дело најчесто го споредуваат со уште една, исто така, прекрасна книга - Малиот принц. Ова дело припаѓа во редот на ал..
Рабиндранат Тагоре (1861-1941) го зазема најистакнатото место во целокупното творештво на 20- от век. Во многувековната богата со традиција индиска книжевност, Тагоре го зазема најзначајното место по вреднувањето на своето дело, кое е разгрането и разновидно: лирски песни, романи, раскази, драми. То..
Џонатан Свифт е роден во Даблин (Ирска) во 1667 година. Уште за време на животот стекнал извонредна популарност кај ирскиот народ и останал до денес во неговите спомени како борец за национални права. Свифт умрел во 1745 година. Во 1726 година Свифт го објавил, без потпис, своето најголемо хумористи..
Џовани Бокачо (1313-1375) е италијански писател од времето на ренесансата. Неговите дела се: Филострато, Филоколо, Тесеида, Елегија на госпоѓата Фијамета, Декамерон, Коментар на Божествената комедија, Животот на Данте и др. Зборот Декамерон значи “книга на десет дена”, а е наслов на збирката од стот..
Херман Хесе (1877-1962) своето исклучително книжевно дело го исполнил со хуманизам,барање одговор на темелните прашања за човековото постоење и истражувањето на длабочината на човечката душа. Испишувајќи бројни врвни страници, секогаш искажувал цврста верба во човековата благородност и духовна сила...