Борче Грозданов ( 1969, Скопје ) е пензиониран новинар и театарски критичар од дневниот весник "Вечер“, повеќе од една деценија. Од авторската биографија досега зад Грозданов се монографијата по повод 50 години НТ "Антон Панов“ од Струмица " Чекори по ѕвездените штици “ каде е ко-автор ( 1999 ), а автор-приредувач е и на монографијата 'Мите-сцена-живот', посветена на актерот Мите Грозданов, издадена 2010 година. Неговата прва збирка поезија " Пориви“ е издадена во ( 2002 ) . Потоа следуваат “ Грст стихови” ( 2008 ) “ Четириесет воздивнувања“ ( 2009 ) ” Сништа и соништа ” ( 2015 ) “ Љубов - Патешествие ” ( 2016 ) тоа се две книги во едно, пишувани со неговата сопруга Катерина Грозданова, а “ Патешествие “, е Сонетен венец кој тој го напиша, и го посвети на неговата љубена Катерина.Долгогодишното проследување на театарот резултираше и со дигитална форма на ЦД на збирката Театарски рецензии насловена " На(д) сцената“ , на кое беше и второто издание на неговата прва стихозбирка. Зад него се и проектите “ Незавршена приказна“, монодрама на Емилија Андреева, работена по негови стихови, “ Човекот од собата 7 “ монодрама со Сашо Тасевски во режија на Ристе Алексовски, што по “ Бели ноќи ” од Достоевски ја адаптираше Грозданов, а на 2 Ноември 2015 год. премиерно беше одиграна ( и сеуште игра) монодрамата ” Црв ” со актерот Мите Грозданов, адаптирана од романот ” Вистина , љубов – Рашомонијада ” од Дејан Трајкоски. Пиесата ” Чие е” 2013 год е негово драмско првенче, а книгата ” Патникот ” е прв обид на Грозданов како раскажувач движејќи се низ патешествијата со неговиот другар , прерано починатиот актер Васил Шишко ( 2015 год ). Во 2016 год. Излезе неговата последна книга Монодрами (адаптација) од кои како што предходно напишавме три веќе се играа. Во 2017 година излезе Монографијата за актерот Васил Шишков под наслов “ Шиле “. Во 2018 година излезе книгата “ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ ( доајени )“.За книгата рецензии “ На(д) сцената 2 “ ( 2014 ) ја доби наградата за публицистика Мито Хаџивасилев Јасмин во Републка Македонија.