Бошка Смрековски (18 септември 1938, Модрич, Струшко - 1998, Скопје) — македонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател.Бошко Смаќоски е роден на 18 септември 1938 година, во селото Модрич. Завршил гимназија во Охрид, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште за време на студиите, се вработил како новинар во Радио телевизија Скопје. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија.Книги:„Мајски ѕвончиња“ (поезија за деца, 1959)
„Додека роси“ (поезија за деца, 1962)
„Распродажба на остатоци од пролетта“ (поезија, 1963)
„Еден багрем и четири деца“ (лирски раскази за деца, 1964),
„Усвојување на дневниот ред“ (поезија, 1965)
„Големи и мали“ (роман за деца, 1966)
„Славејот ноќева во трендафили“ (поезија за млади, 1967)
„Всушност, сè е убава балада“ (поезија, 1968)
„Влегување во Охрид“ (поезија, 1972)
„Корениште“ (роман, 1972)
„Крастава година“ (раскази, 1972)
„Цвеќе од деветтиот рид“ (роман за млади, 1972)
„Песни од Модрич“ (поезија, 1977)
„Сликички и зборчиња“ (позија за деца и млади, 1979)
„Како кога се откинува јаболко“ (роман за млади, 1982)
„Модричка тетратка“ (поезија за деца, 1982)
„Таа и татковината“ (поезија, 1983)
„Пладне во ридиштата“ (раскази, 1984)
„Облека на душата“ (роман, 1986)
„Преку две реки, преку три планини“ (роман, 1986)
„Полна месечина“, (роман, 1986)
„Големи и мали“ (роман, 1986)
„Низ Зеленово, низ Руменово“ (поезија, 1986)
„Рими“ (поезија, 1987)
„Јулски дневник“ (роман за млади, 1989)
„Се подели село на црно и бело“ (гатанки, 1991)
„Животот занает најтежок“ (роман, 1992)
„Димензиите на крстот“ (роман, 1992)
„Лето господово, лето ѓаволово“ (поезија, 1998)
Автор е на повеќе радиодрами, радиокомедии, радиоигри за деца и на телевизиски драми.Награди:
„РТВ Скопје“
„Стале Попов“
„Кочо Рацин“
„Ванчо Николески“,
„Гораново пролеќе“
Нема изданија за приказ.