Даг Солстад (роден 1941 г.) е норвешки романсиер, раскажувач и драматичар чии дела се преведени на повеќе од 20 јазици. Тој има напишано над 30 книги и е единствениот автор што ја добил наградата на Норвешките книжевни критичари три пати.
Даг Солстад е автор на романите: Војна. 1940 година, Леб и оружје, Предниот дел на медалот, Eдинаесетти роман, книга осумнаесетта, Срамежливост и достоинство, Ноќта на професорот и други.
Солстад е меѓу највисоко рангираните автори на Норвешка. Тој живее во Берлин и во Осло.