Душица Илин (Тетово, 12 март 1944) е македонски поет и новинар.Душица Илин е родена во Тетово на 12 март 1944 година.[2] Се школувала во Битола, Тетово, Скопје и Белград. Книжевните и новинарските студии ги усовршува во Белград каде што живее и работи како дописник на македонските електронски и пишани медиуми од Србија и Црна Гора. Член е на ДПМ од 1972 година. Автор е на поетските книги: Фреска на срцето (1971), Сизифина (1976), Ветер во кафез (1981), Толкување на стравот (1989) Златен венец - Антологија на струшките вечери на поезијата, (Белград), Второ дополнето издание (Нови Сад и Скопје), Трето дополнето издание (Белград), Спорен лет (Скопје), Пек (Скопје), Ноќен Пек (Белград), Бела линија (Скопје,2006).Песните на Душица Илин се објавени во Полска, САД, Турција, Романија и во други земји. Застапена е во повеќе антологии на македонската и југословенската поезија. Нејзин сопруг е писателот Виктор Шеќеровски.