Проф. д-р Елизабета Бандиловска е родена 1973 г. во Ресен. Дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Македонски јазик и јужнословенски јазици во 1996 г. На истиот факултет магистрира во 2004 г., а научниот степен доктор по филолошки науки го стекнува во 2011 г. Од 2000-2014 г. работи како надворешен соработник во ИМЈ „Крсте Мисирков“ во Скопје на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“. Како коавтор се јавува во шесте тома на Речникот. Oд 2004-2010 г. работи како асистент-надворешен соработник на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 2006 г. работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје како асистент, а од 2011 г. како професор и предава предмети од областа на македонскиот јазик. Раководи со втор циклус студии по Библиотекарство од 2015-2016 г. Раководителка е на Институтот за предучилишно воспитание во периодот 2016-2020 г. Член е на Советот за македонски јазик при Министерството за култура во периодот 2017-2021 г. Автор е на две книги од областа на македонската лексикологија. Коавтор е на два учебници од областа на македонскиот јазик. Има објавено голем број научни трудови во домашни и меѓународни научни списанија и зборници. Учествувала на повеќе домашни и меѓународни научни конференции во земјава и странство. Добитник е на државната награда „Гоце Делчев“ за 2015 г.