Ѓорѓи Прчков e прозаист, романсиер и детски раскажувач. Роден е во Битола 1942 година, во занаетчиско семејство. Своето образование го започна во ОУ „Трифун Пановски“, за да продолжи во Средното земјоделско училиште. Дипломира на Педагошката Академија во Битола, во класата на Владимир Костов и Лазо Каровски. Со пишување почна од најрано детство, во почетокот со куси раскази, а потоа романи и сказни за деца и млади. Откако се вработи во ОУ „Тодор Ангелевски“ како наставник по македонски јазик, почна поинтензивно да пишува и објавува, во почетокот проза наменета за деца и млади, а од 1990 и за возрасни. По четириесет години плодна воспитно - образовна работа се пензионира во 2006 година. Прчков се занимаваше и со новинарство. Член беше на редакцијата при составувањето на антологијата „Битолски писатели“.