Херман Хесе (1877-1962) своето исклучително книжевно дело го исполнил со хуманизам,барање одговор на темелните прашања за човековото постоење и истражувањето на длабочината на човечката душа. Испишувајќи бројни врвни страници, секогаш искажувал цврста верба во човековата благородност и духовна сила...
Преубавиот син Сидарта незадоволен од духовната исполнетост што му ја пружа традиционалната вера тргнува по патот за потрага на крајната вистина и конечното просветлување, не отстапувајќи од својата животна цел и автентичноста ни по која цена. Сидарта се откажува од благодетите на богатиот живот, до..