Ката Мисиркова–Руменова (Постол, Егејска Македонија, 14 септември 1930 - Скопје, Македонија, 22 ноември 2012) била македонски раскажувач, романописец, поет и драмски писател.[1] Родена е на 14 септември 1930 година во с. Постол, Ениџе Вардар, Егејска Македонија. Работниот век го завршила како библиотекар. Член била на ДПМ од 1966 година.Ката Мисиркова-Руменова е внука на Крсте Мисирков. Починала на 82 годишна возраст во Скопје.[2]Книги:Го љубам својот град (роман за деца, 1964)
Детството на Мисирков (роман за деца, 1965)
Скршени вејки (драма, 1965)
Песна за огновите (раскази, 1966)
Жешка земја (роман, 1968)
Добрите момчиња од земјата вардарска (роман, 1969)
Корнење (роман, 1972)
Вид и објектот (роман, 1975)
Кресненското востание (драма, 1976)
Илинденски раскази (раскази за деца, 1978)
Ликот на Карастоилов (повест, 1978)
Ноќ во осаменоста (поезија, 1979)
Јужен ветар (драма, 1979)
Неосудени (драма, 1980)
Жежок пат (роман, 1981)
Милосија (роман за деца, 1982)
Довик (роман, 1983)
Мирка Гинова (драма, 1985)
Султана (роман, 1987)
Жеголец во срцето (роман, 1987)
Скалила (роман за деца, 1987)
Неоджилени (раскази, 1988)
Сонот на будната птица (роман за деца, 1988)
Мајка Которичанка (раскази, 1988)
Патилата на Милосија (роман за деца, 1989)
Во смрт од љубов (роман, 1990)
Скаменета солза (поезија, 1990)
Топлата прегратка на Гоцевата мајка (раскази за деца, 1990)
Ѕидовите од Пела (роман за деца, 1991)
Катарни години (роман, 1992)
Вознесот на Милосија (роман за деца)
Ѕидови од пајажина (роман, 1993)
Водоскоци (роман за деца, 1994)
Писмата до Соња (раскази за деца, 1994)
Стапалки по жолти лисја (роман, 1995)
Плач пред ѕидот (поезија, 1996)
Големите атови (роман, 1997)
Македонките во Пекинг (монографија, 1997)
Авантурите на Ѓурѓа (роман за деца, 1997)
Белегзија (поема, 1998)
Воскрес на душата (поезија)
Зунка (драма, 1998)
Ќе ме убие капката Стефи (поезија, 1998)
Виорот на болката (поезија, 1999)
Пранги (роман, 2000)
Пред лицето - Ченто (поезија, 2000)
Пранги (роман, 2000)Има напишано преку шеесет радио драми за возрасни и деца.