Мени
Вашата кошничка

Кирил Темков

Кирил Темков е роден во Кавадарци во 1943 година, во занаетчиско семејство, учел во Белград и во Скопје, дипломирал (1968) и докторирал филозофија (1982) на Универзитетот во Скопје. Ученик и асистент на проф. д-р Павао Вук-Павловиќ, постдокторски студии кај проф. д-р Александар Грличков во Белград (1983-1987). Асистент, предавач, вонреден и редовен професор по Етика, Естетика, Филозофија на менаџерството, Филозофија на политиката, Еколошка етика, Биоетика, Менаџерска етика, Педагошка етика и Филозофија на образованието при Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Автор е на бројни статии од областа на Филозофијата, Етиката, Естетиката (особено за уметничката фотографија, ликовната и драмската уметност, џезот) и Културологијата, како и на повеќе книги: Основите на еден нов Универзитет (1975), Панорама на естетичките идеи од втората половина на 20-тиот век (1981), Отворен Универзитет (1993), Мито Хаџи Василев - Јасмин (1997), Етика (1998), Етика за младите (1999, 2001; прев. на српски, 2 изд.), Етички речник за младите (1999, 2001, 2004), Етиката денес (1999, прев. на бугарски), Етика за најмладите (2000-2002, делумно прев. на бугарски), Луј Армстронг - Сачмо (2000), Историја на џезот (2002), Етика за децата (2003, делумно прев. на бугарски), Етика за 2 клас гимназија (2004), Етика за 3 клас гимназија (2004), Филозофија за 4 клас гимназија (2005), Етика и љубовта (етика во градинките, 2006), Деловна и професионална етика (со проф. Серафим Томовски, на македонски и албански јазик, 2006), Професионална етика (2011), Етичари - 100 најзначајни философи на моралот (2014), Биоетика за најмладите (2013-2015), Џез - естетика и антропологија (2017).Ги има преведено книгите: Прагматизам од Вилијам Џејмс, Критика на практичниот ум од Имануел Кант, Научна расправа за методот од Рене Декарт, За слободата од Џон Стјуарт Мил, Ецце Хомо на Фридрих Ниче, како и книгите на Павао Вук-Павловиќ, Душан Недељковиќ, Лука Прошиќ, Миленко Пејовиќ и др.Има добиено Награда на град Кавадарци, орден „Академски палми“ на Република Франција и Меѓународна награда „Гоцева мисла“ на фондацијата Македонија презент.
Градот и етиката
-60 %
Автор: Кирил Темков Model: GRE01
Книгата „Градот и етиката“ е дело на искусен и вешт автор, мајстор на литературниот збор, првокласен научник, кој своите знаења и умеења ги користи во оваа творба за да ја доближи реалноста на базичната човечка вредносна сфера до читателите. Во книгата се објаснети изворите на етиката во градот како..
99.00 ден. 250.00 ден.
Ex Tax:99.00 ден.
Прикажани 1 од 1 до 1 (1 Страни)