Лена Ајнхорн ја започнува својата кариера како доктор по медицина. Во осумдесеттите години таа целосно го менува својот професионален пат. Живеејќи во САД, таа почнува да продуцира и снима документарци од областа на медицината и науката. Во 2013 година, го објавува романот „Блекингегатан 32“ во Шведска. Подоцна, публикува и други романи, кои добиваат меѓународни награди и признанија. Во текот на својата кариера снима документарни филмови, работи како сценарист и уредник. Во 2019 година, нејзиниот автобиографски роман „На тенок мраз“ е објавен во Шведска од издавачката куќа Norstedts.