Мени
Вашата кошничка

Лилјана Плевнеш

Лилјана Плевнеш (родена Котевска) е родена на 28.04.1955 година во Битола. Автор е на поголем број литературни преводи од руски и француска на македонски јазик, меѓу кои: - Поетската антологија од Шарл Азнавур, 2009 - Автобиографските ракописи „Историја на една душа”, од Света Тереза на Детето Исус (2007), за кое го добива највисокото признание „Архиепископ Гаврил” за најдобар превод на духовно дело од Сојузот на преведувачите на Македонија во 2007 година - „Европа – нашиот заеднички дом“, од Ж. Моне (2007) - Пиесата „Европа”, од Р. Калиски, според истоимениот роман на Р. Гари (1999) - Поетската збирка „Зошто не се враќам во Грција”, Е. Петрополус (1993) - Романот „Децата на Арбат”, од А. Рибаков (1988) - Пиесата „Пурпурен остров”, од М. Булгаков (1984) Работела во Републички секретаријат за односи со странство, а по заминувањето во Париз 1988 година, работи во повеќе културни институции меѓу кои и како лектор по македонски јазик во Институтот за ориентални јазици и цивилизации, каде и се запишува на постдипломски студии 1992 година.
Прикажани 1 од 1 до 1 (1 Страни)