Мени
Вашата кошничка

Мито Спасевски

Проф. д-р Мито Спасевски е роден 1952 г. во с. Мраморец, Дебарца, Охридско. Доктор е по филолошки науки од областа на книжевноста. Редовен професор e на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје и предава предмети од областа на книжевноста, јазикот и говорот. Автор е на дваесетина научни и стручни дела од областа на книжевноста, јазикот и литературата („Фолклорни и книжевни огледи за литературата за деца“, „Аналитички студии и опсервации на литературата за деца“, „Литература за деца“, „Воспитно-образовни аспекти по култура на говор“, „Методика на воспитно-образовната работа по култура на говор“, „Книжевни проследби и студии“ и др.). Автор е на повеќе од стотина научни трудови и проекти од областа на книжевноста, говорот и јазикот, презентирани на меѓународни и домашни научни собири. Тој е еден од основачите, а бил и потпретседател, на Балканската асоцијација на педагошки факултети. Бил меѓународен рецензент од областа на книжевноста и културата на говорот. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1990 г. Позначајни му се стихозбирките: „Усвитена постела“, „Чемерни синори“, „Небесна утока“, „Крепости“, „Врутоци“. Застапен e во повеќе книжевни антологии и е преведуван на повеќе јазици. Основач е на првото научно списание за книжевност за деца во Република Македонија „ЅУНИЦА“ (2007). Добитник e на повеќе награди и признанија за остварувања во науката, образованието и литературата.
Прикажани 1 од 2 до 2 (1 Страни)