Мени
Вашата кошничка

Петре М. Андреевски

Петре Мито Андреевски (многу повеќе познат како Петре М. Андреевски; Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 - Скопје, 25 септември 2006) — македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања. Во мај 2000 година бил избран за редовен член на МАНУ.Петре М. Андреевски е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност.[2] Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центари на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател)[3]. Петре М. Андреевски почина на 25 септември 2006 година во Скопје. Година дена по неговата смрт, на 9 октомври 2007, Претседателот на Република Македонија - Бранко Црвенковски, постхумно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.Книги:Јазли (1960) И на небо и на земја (1962) Дениција (1968) Дални наковални (1971) Пофалби и поплаки (1975) Вечна куќа (1987) Лакримариј (1999) Седмиот ден (1964) Неверни години (1974) Сите лица на смртта (1994) Боеми (постхумно) Пиреј (1980) Скакулци (1983) Небеска Тимјановна (1988) Последните селани (1997) Тунел (2003) Бежанци (постхумно) Награди:Андреевски бил добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (двапати), „Рациново признание“ (двапати) и „Стале Попов“ (двапати).

Нема изданија за приказ.