Мени
Вашата кошничка

Рифат Емин

Историчар на уметноста, преведувач, библиотекар, поет, прозаист, музичар, културолог. Роден е во 1974 година во Скопје, како припадник на Турската Нација во Република Македонија. Како автор билингвист, пишува и објавува како на Турски, така и на македонски јазик. Неговата прва стихозбирка под името „Ентипуфтен“ ја објави на Турски јазик во 1996 година во Скопје. Заедно со татко му Илхами Емин ја подготвија книгата „Балканот и Турците“ која што се објави во Турција на Турски. Член е на Друштвото на Писателите на Македонија. Неговата втора книга на поезија под името „Дингилдек“ се објави како онлајн издание на интернет. 2015 година објави музички албум под името „С’р“ (Скриено). Неговата трета стихозбирка, напишана на Турски јазик се објави во ноември 2018 година под името "bî-nihâyet" (без-конечно) во Скопје. За оваа поетска збирка ја доби наградата „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија за 2018 година, доделена од страна на Друштвото на Писателите на Македонија.
Автор: Рифат Емин Model: ZY49XF
Стиховите на Рифат Емин создаваат илузија на паралелен и имагинарен свет полн со мистицизам, а изборот на зборови ја прави збирката привлечна како за општата публика, така и за читателите со истенчен вкус. Од стиховите може да се насети музика и музикалност, но и филозофија, историја, митологија. Ри..
265.00 ден.
Ex Tax:265.00 ден.
Прикажани 1 од 1 до 1 (1 Страни)