Мени
Вашата кошничка

Ристо Ѓ. Јачев

Ристо Ѓ. Јачев (15 мај 1942 - 27 февруари 2019[1], Долно Родиво, Воденско, Егејска Македонија) — македонски поет, романописец, театарски критичар, артист, новинар, уредник, критичар и преведувач.Ристо Ѓ. Јачев е роден во егејскиот дел на Македонија. Со илјадници македонски деца бегалци и прогонети од родните огништа проживува драматично детство и младост во емиграција. На Филолошкиот факултет на Универэитетот „Кирил и Методиј” во Скопје дипломира книжевност. Најнапред едно време работи како артист и средношколски наставник, а потоа преминува во тогашно Радио Скопје (денес Македонско радио) каде што работи како новинар и уредник до крајот на својот работен век.Како исклучително плоден писател Ристо Ѓ. Јачев е повеќе од четириесет години живо присутен во современата македонска литература со поетски, проэни и драмски остварувања. Освен на македонскиот литературен стандард, пишува песни и на својот родокраен воденски дијалект, со што, заедно со поетите Санде Стојчевски (кој пишува и на кумановскиот) и Лилјана Чаловска (која пишуваше и на струшкиот дијалект) се вбројува меѓу неколкуте ретки современи македонски писатели што го негуваат и што го афирмираат дијалектното поетско творештво. Неговата поезија е претставена во низа антологиски избори од современата македонска литература. Преведуван е на повеќе светски јазици. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во Скопје по 1967 година. Живее и создава во Скопје. Поезија: „Кавал и магија”, Скопје, 1967, „Смртта на ангелот”, Македонска книга, Скопје, 1968, „Маслинови гори”, „Мисла, Скопје, 1969, (со предговор на Александар Поповски), избор од поетското творештво, „Подземни сенки”, Скопје, 1973, „Димна гора”, ИЗ „Нова Македонија”, Скопје, 1974, „Секнати извори”, „Македонска книга”, Скопје, 1979; Графички прилози: Константин Танчев-Динка, „Горница”, „Македонска книга”, Скопје, 1984, „Сопатник на сеништата”, „Наша книга”, Скопје, 1988, „Ехо на квечерината”, „Македонска книга”, Скопје, 1989, „Ангел над Христовиот гроб”, „Македонска книга”, Скопје, 1991, избор од поетското творештво, „Камена перница”, „Култура”, Скопје, 1992, „Смртни песни”, Скопје, 1994, „Велестовски ноќи”, Скопје, 1996, „Вакафска земја”, Скопје, 1998, „Примка”, Скопје, 1998, избор од поетското творештво, „Жедна ноќ”, Скопје, 2000, „Белиот светец”, Скопје, 2002, „Студен мрак”, „Макавеј”, Скопје, 2005 „Помнам“, „Макавеј”, Скопје, 2013 Проза: „Вечерни ветрови”, Библиотека “Современост”, Скопје, 1972, роман, „Кукла”, Скопје,1992, роман, „Јаков”, Скопје, 1993, роман, „Патот на ангелите”, Скопје, 1996, трилогија, „Алексеј”, Скопје, 2001 Награди: „Студентски збор” за поетската книга „Смртта на ангелот”, 1968 „Кочо Рацин” за поетската книга „Секнати извори”, 1979 „Стале Попов” за романот „Кукла”, 1992 „Златно перо”, 1994 „Нарциса”, 1996 „Григор Прличев” за поемата „Вакафска земја”, 1997 Меѓународна литературна награда „Мелник 2000” (Мелнички поетски вечери, Република Бугарија), 2002 Ацо Шопов (награда), 2011, за Редење на времето
Прикажани 1 од 1 до 1 (1 Страни)