Мени
Вашата кошничка

Софе Штерјоски

Софе Штерјоски (Лавчани, Кичевско, 20 април 1949 - Скопје, 1984) бил новинар на Радио Скопје, еден од најпознатите македонски хумористи и сатиричари, автор на повеќе книги за деца.Штерјоски е роден на 20 април 1949 година во кичевското село Лавчани. Основно образование завршил во Подвис, а гимназија во Кичево. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на групата Историја на книжевностите на народите на СФРЈ со руски јазик. Од јануари 1971 постанал новинар во редакцијата за хумор на Македонското радио во Скопје. Пишувал хумор и сатира, поезија и проза за деца и за возрасни, драмски текстови и преводи. Го создал радио ликот Аврам кој го интерпретирал радио глумецот Борис Мајсторов. Објавувал во Македонија и во републиките и покраините од поранешна Југославија каде добил многу награди на конкурси за раскази, песни, афоризми и за радио емисија. Посмртно бил добитник на Повелба на „Јеж“ за исклучителна авторска соработка и придонес за угледот на “Јеж“ и признание за животно дело. Починал на 18 април 1984 година во Скопје.Книги:1973 г. НИО Студентски збор книга афоризми „Силни слабости“, 1978 г. Издавач „Детска радост“-Скопје книга поезија за деца“Тивки одгласи“, 1983 г. Издавач “Детска радост“- Скопје книга раскази за деца “Круши со уши“, 1987 г. НИО Студентски збор- Скопје книга со афоризми, хуморески, епиграми, сатирични раскази и песни “Како е во рајот ѓаволе“, 1988 г. Издавач “Култура“ -Скопје, книга поезија за деца „Смеалогија“, 1991 г. Издавач „Култура“- Скопје, книга раскази за деца „Јасика“, 1991 г. Издавач „Наша книга“- Скопје, книга поезија за деца„Пловидби“ 2000 г. Издавач „Детска радост“- Скопје, книга раскази „Северно писмо“, 2009 г. Издавач „Штрк“- Скопје, книга поезија „Сивиот сликар“ и 2011 г. Издавач „Штрк“- Скопје, книга поезија „Љубов и бранови“.
Прикажани 1 од 1 до 1 (1 Страни)