Сузана Алакоски е шведско-фински автор, романсиер и предавач. Родена е во 1962 година во Васа, Финска. Помеѓу 1995 и 2003 година работи како портпарол на шведската политичарка Гудрун Шиман. Своето деби како новелист на фикција го има со „Свиналангорна“ за која во 2006 година ја добива наградата „Augustpriset“. Книгата е високо оценета од критичарите и набрзо станува шведски бестселер. Во 2010 година според книгата е снимен филмот „Beyond“. Алакоски и понатаму продолжува да создава, а во 2010 година го објавува својот втор роман, па неколку детски книги и дневник. Таа е уредник и на повеќе антологии.