Сузана Ѓорушевска е родена 1963 година во Скопје, а живее и работи во Гетеборг, Шведска. Со пишување се занимава од најраното детство.
Има објавено четири книги: ”Вистина на сеќавањето и иднината” („Детска радост“ - Скопје, 2011); „Пред вратата на сонот” („Македоника Литера“ - Скопје, 2015); „Лажната сенка на тагата“ („Македоника Литера“ - Скопје, 2018); „Гребнатини на душата“ („Феникс“ - Скопје, 2019). Учесник е и во книгата со Група автори „Симфонија на срцето 2“, (2016), како и „Симфонија на срцето 3“ („Златно перо“ - Битола, 2017).