Мени
Вашата кошничка

Тоде Илиевски

Тоде Илиевски е поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист.Роден е на 7 март 1952 година во с. Мраморец, Охридско. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како просветен работник во повеќе места во Западна Македонија. Бил директор на Радио Дебар и на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година. Учествувал во работата на редакциите на „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радосна вест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“. Одделни песни му се препеани на други јазици. Застапуван е во антологии, избори и учебници. Преведува од словенските јазици.Книги:„Ведро едро“ (поезија за деца, 1990) „Концерт за шумите“ (поезија, 1992) „Изворите во горите“ (поезија за деца, 1999) „Зелен блен“ (поезија, 2001) „8X8 by Tode Ilievski - 64 selected problems 1977 - 2002“ (шаховски проблеми, 2002) „Лов на Лебедовото Езеро“ (поезија, 2008) „Приватните библиотеки во Охрид и Охридско“ (лексикон на приватни библиотеки во коавторство со Виолета Мартиновска, 2008) „Липов чај“ (поезија за деца, 2009) „Ќерката на поетот“ (поезија, 2011)Награди: Повелба на Св. Климент (за творештво, 2002) Награда на Празникот на липите (за песна, 2003 и 2006) Награда на фестивалот Славјанска прегратка – Варна (за песна, 2008) Награда на Издавачката куќа „Феникс“ (за краток расказ, 2008) Награда „Ванчо Николески“ (за најдобра стихозбирка за деца, 2010)
Прикажани 1 од 1 до 1 (1 Страни)