Васил Толевски (роден на 2 ноември 1956 во Будимпешта) е македонски сатиричар и хуморист, кој пишува афоризми, хуморески, монодрами, скечови и сатирични текстови.Васил Толевски потекнува од семејство кое е прогонето од Егејска Македонија. Од 1957 до 1960 живее во Земун, а од 1961 година е со постојано место на живеење во Скопје. Завршил машински факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Долги години работел во фабриката за автобуси ФАС „11 Октомври“, а по нејзиното затворање се вработил во ЈСП – Скопје.Книги:„Четири чекори до вистината“ (Студентски збор-Скопје, 1988)
„Музика за глуви“ (самоиздание, 2006)
„Исусе, Луцифер нѐ вика“ (Алма-Белград, 2007-македонско/српски)
„Нашите пријатели (Макформ-Скопје, 2007)
„Антологија на македонскиот афоризам“ (Алма-Белград, 2007 - македонско/српски)[10]
„Антологија на македонскиот афоризам“ (Алма - Белград, 2007)
„Антологија на балканскиот афоризам 1 и 2“ (Алма - Белград, 2008 - македонско/српски)
„Нашите пријатели 2“ (Алма - Белград, 2008)
„Македонијо, мајко, кој ми е татко?“ (Алма - Белград, 2010 – на српски јазик)
„Бисери на балканскиот афоризам 1 и 2“ (Алма - Белград, 2010 – на српски јазик)
„Бисери на балканскиот афоризам 3“ (Алма - Белград, 2011 – на српски јазик)
„Антологија на балканскиот афоризам“ (Макформ-Скопје, 2012)
„Библија за неверници“ (Макформ-Скопје, 2013.)
„Врели мразови - Антологија на македонскиот афоризам“ (Македонија презент-Скопје, 2013.)
„Библија за неверници“ (2013. – на полски јазик)
„Маде ин Мацедониа“ (Макформ-Скопје, 2014.)
„Кочење во тројка“ (со Миле Ѓорѓијоски и Димитар Илиев, 2014.)
Награди:„13 Ноември” на град Скопје за 2008 год., од областа на публицистиката;
„Ин Виница Веритас” (Виница - 1994) за монодрама и хумореска;
„Јежев хумор” (Србија - 1998 год.) за хумореска на годината;
„Златен прстен” во Бјелина 2011 (БиХ);[13][14]
“Златен круг” на Сатира фест 2012 (Србија);[15][16]
„Трајни вредности” на фестивалот во Делчево, 2013.
„Златна значка” од Министерство за култура на Србија, 2013.
„Македонски сатир” за врвно сатирично творештво, 2014.
„Милован Илиќ Минимакс” за севкупно сатирично дело и работа.