Мени
Вашата кошничка

Војдан Чернодрински

Војдан Поп Георгиев - Чернодрински (Селци, Малесија, 15 јануари 1875 - Софија, 8 јануари 1951) — истакнат македонски писател, патриот, револуционер, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. Псевдонимот Чернодрински потекнува од реката Црн Дрим која тече крај неговото родно село.Војдан Поп Георгиев е роден во селото Селци, Дебарско (Малесија) во 1875 година во семејството на селскиот кмет и подоцнежен свештеник Георги Славковски, подоцна наречен Ѓурчин. Таткото ја забележал љубовта на Војдан кон книгата и токму поради тоа Ѓурчин му овозможил на својот син соодветно школување.Во чест на Војдан Поп Георгиев, во Прилеп се одржува македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.Драмски текстови:Дрварите (1895)Во меаната (1895) Македонска емиграција (1897) Македонска крвава свадба (1900) Од глаата си патиме (1902) Робот и агата (1902) Зло за зло (1903) Срешта (1903) Мајстори (1903) Духот на слободата (1909) На реката (1921) На Нова година (1921) Цар Пир (1921) Бурите крај Вардар (1925) Цвета војвотката (1929) Слав Драгота (1930) Оставина:Bо 1973 година, синот на Војдан Чернодрински, Стојан ги предал сите ракописи на славниот македонски драматург на Државниот архив на Македонија, каде што кратко по нивното архивирање бил издаден комплет од негови дела, за да посведочат дека и во почетокот на минатиот век сме имале уметници што го практикувале македонскиот народен јазик, од кој произлегоа научните кодификации. И сето тоа како аманет од неговиот татко, неговото творештво да биде пренесено во Македонија..
Македонска крвава свадба
-15 %
Автор: Војдан Чернодрински Model: CGWT5T
Трагедијата Македонска крвава свадба  е најзначајно и најпопуларно дело на Војдан Чернодрински. Македонска крвава свадба е впечатлив фрагмент од мозаикот сочинет од страдањата на македонскиот народ, од солзите на обесчестените жени и девојки, од револтот на обесправените и ограбените. Од уметн..
178.50 ден. 210.00 ден.
Ex Tax:178.50 ден.
Прикажани 1 од 1 до 1 (1 Страни)