Преку логопедската вежбанка „Чекор по чекор до правилен говор“, најмладите ќе имаат можност да го оформуваат и збогатат својот говор и речник. Вежбанката содржи дваесет и четири дидактички вежби од логопедски карактер каде што преку визуелен пат детето осознава што е она што треба да го научи и знае. Децата ќе можат да се запознаат со основните поими, предмети и појави кои ги опкружуваат. Логопедската вежбанка би послужила и како одличен подготвителен материјал во процесот на едукација во предучилишната возраст.

Линк за симнување на дел од книгата