Утринско поздравување
Кога родителите ја будат Ангела ѝ викаат:
- Добро утро, мило детенце!
Малечкото девојче ги отвора очите и вели:
- Добро утро, мамо! Добро утро, тате!
Откако ќе се подготви за на училиште, поаѓајќи од дома, мајката ја потсетува ученичката:
- Те молам, поздрави ги твоите другарчиња и сите постари. Кажи секому: Добро утро! или Добар ден! или Здраво! Исто така, насмевни се, како што стално прави Маја. Така е најубаво.
НАЈУБАВО Е ДЕНОТ НА ПОЧНЕ со љубезни поздравувања на блиските луѓе. Сите се чувствуваат добро ако од некој близок ги чујат желбите за добро утро или за добар ден, исто така ако тие исти желби ги кажат некому што го сакаат. На сите им се пријатни насмевката и добиенот и дадениот бакнеж.
Така е меѓу сите луѓе. За секого е убаво да поздрави друг или да биде поздравен, да посака некому пријатен помин и работа, како и нему другите да му ги искажат истите убавите посакувања.
Тогаш луѓето се пријатели едни на другите. Тоа сите го сакаат и затоа тоа треба да си го прават.
Меѓусебното поздравување е најубав начин да се сретнат луѓето, или да почнат да разговараат, или да започнат да ја работат својата заедничка работа.
За децата поздравот е знак дека се расположени, дека на другиот му посакуваат среќа и дека тој ден со радост ќе го започнат учењето или дружењето.
Драги деца, секогаш поздравувајте се со другите, за да ви биде убаво во тој миг и тој ден.
Проф д-р Кирил Темков