Ирена Павлова Де Одорико - поет, прозаист, критичар, преведувач и есеист. Родена во Велес. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Магистрира при катедрата на Општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје.
Автор е на книгите: „Велзевул” (поезија, 1999), „Номад” (проза, 2000), „Новата Ева” (поема, 2001), „Деколте - длабоко” (поезија, 2004), „Потстанарка” (проза, 2005), „Од другата страна на животот” (есеј, 2010), „Новиот човек” (поема, 2010), „Пенелопа Нет” (2012), „Aнтологија на заборавeнитe македонски поeтeси (2013), „Жена на залезот“ (2014).