- Залиха: Достапен
- Автор: Ирена Павлова Де Одорико
- Димензии: 13.00cm x 18.00cm
- Година на издавање: 2023
- Број на страници: 46
- Корица: мека
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-608-4911-07-4
„Афористичка татковина“ е остров на шегата. Истовремено, книжевен плацебо – ефект против сите главоболки предизвикани од ежедневни и вечни прашања и дилеми. Еден од начините за да се продолжи векот на читателот. Дуел со мрачната страна на светот.
Шегата и духовитоста се гориво за индивидуата, единствениот духовен двигател. Можеме за сѐ да се шегуваме, и со тоа, да го надминеме секој страв, секој вид немоќ при нашиот престој на земјата. „Афористичка татковина“ посакува да биде највеселиот потстанар на Вашите срца.
Мојот татко, Живко Пaвлов, бардот на македонскиот хумор и сатира ме научи на овие нешта. Бидејќи тој ме има најдобро „прочитан“, сметав дека може да напише најточен текст за она што го имам напишано.
...
Ако сега кажам дека најдобро за афоризмот, зборува самиот афоризам, ќе спомнам само еден од овие стотина на македонската поетеса Ирена Павлова Де Одорико: СПАСОНОСНА БРОЕНКА: ОНА ШТО ПРВЕНСТВЕНО ГИ РАЗЛИКУВА СВЕТЕЦОТ И УБИЕЦОТ Е БРОЕЊЕТО ДО 10.
Живко Павлов
П.С. Пред да прочиташ,
изброј до 10!