Мени
Вашата кошничка

Венко Марковски

Вениамин Миланов Тошев (Скопје, 5 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988), познат под псевдонимот Венко Марковски — македонски и бугарски поет, академик на БАН, драмски писател и еден од основоположниците на современата македонска книжевност.Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ.Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик.Книги:„Елегии“ „Гоце“ „Чудна е Македонија“ „Гламји“ „Климе“ „Над пламнати бездни“ „Сказна за резбарот“ „Голи оток - островот на смртта“ и други.
Песни (избор)
-15 %
Автор: Венко Марковски Model: CU3PMN
Поетот Венко Марковски е роден на 15 март 1915 година во Скопје. Периодот меѓу 1938 и 1941 година е една од неговите најплодни фази во кои ги има објавено следниве дела: “Народни бигори” (стихозбирка, 1938), “Огинот” (стихозбирка, 1938) кои излегуваат од печат една по друга, “Лулкина песна” (елегии,..
127.50 ден. 150.00 ден.
Ex Tax:127.50 ден.
Прикажани 1 од 1 до 1 (1 Страни)