- Залиха: Достапен
- Автор: Венко Марковски
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2010
- Број на страници: 94
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-554-9
Поетот Венко Марковски е роден на 15 март 1915 година во Скопје. Периодот меѓу 1938 и 1941 година е една од неговите најплодни фази во кои ги има објавено следниве дела: “Народни бигори” (стихозбирка, 1938), “Огинот” (стихозбирка, 1938) кои излегуваат од печат една по друга, “Лулкина песна” (елегии, 1939), “Луња” (лирика, 1940), “Гоце” (поема, 1940), “Илинден” (поема, 1940), “Чудна е Македонија”(поема, 1940), “Бие дванаесет” (поема, заедно со спевот “Беаз Куле”, 1941) и др. Меѓу позначајните негови дела кои го афирмираат како еден од најистакнатите поети за време на Народноослободителната борба се: сонетниот венец “На исток”, епот “Робии” и спевот “Партизани”. Со несмален интензитет продолжува да пишува и по ослободувањето и од тој период се делата: “Климе” (роман во стихови), “Сказна за резбарот”, “Над пламнати бездни” и др. Венко Марковски почина во 1988 година.