Мени
Вашата кошничка

Владимир Попов

Владимир Попов е роден 1950 година во Скопје. Дипломирал на Универзитетот <Св.Кирил и Методиј", југословенска литература и македонски јазик. Работел како новинар.Автор е на стихозбирките: Траги, 1973 и Отворена уста, 1982.Автор е и на поемата Тајнопис на гневот, 2006, за која ја добива наградата Григор Прличев. Ги објавил книгите за деца: Тоа лето шеесет и трето, 2004, (награда Јуниор), потоа преводот на црногорски јазик То љето шездесет и треќе, 2008, и Синиот велосипед, второ дополнето издание на Тое лето..., 2012. Ги објавил збирките раскази Преобразби, 2006 и Внатрешно нишало, 2008.Ги објавил и романите: Меѓувреме, 2005, Наспорти ветрот, 2010 (добитник на Рациновото признание за 2011 година), Прстен во ровката земја, 2011, Несоница, 2012 и Поколението на Сизиф, 2014 година. Во 2014 година излезе и електронското издание на романот Наспорти ветрот.
Синиот велосипед
-53 %
Автор: Владимир Попов Model: DWUE2Z
Романот за деца и млади Синиот велосипед претставува преработена и дополнета верзија на Тоа лето Шеесет и трето. Една ваква постапка на преработка и на дополнување сама по себе, е вистинска реткост во нашата практика. Синиот велосипед сама по себе е неповторлива книга за најубавиот, нежен и вечно ми..
99.00 ден. 210.00 ден.
Ex Tax:99.00 ден.
Прикажани 1 од 1 до 1 (1 Страни)