Книгите „Лектирен водич за основно образование“ ги обработуваат врвните остварувања од светската класика и македонската книжевност, односно лектирните изданија за основните училишта, без кои не може да се замисли ни едно читателско искуство и речиси ни една современа библиотека. Објавувањето на овие книги е поттикнато од барањата на учениците, родителите и наставниците, а со цел новите лектирни изданија да станат уште подостапни (поразбирливи и поприфатливи), па токму од тие причини секој пооделен осврт ги содржи: белешкатa за автopoт, главните ликови и нивните карактеристики, дејствието, пораката и сите најбитни особености на разгледуваното дело.