Во спомен на истакнатата македонска писателка и новинарка Душица Илин-Шеќеровски.
Песната „Јагула” од поетскиот ракопис „Пек”.
ЈАГУЛА
На Виктор Шеќеровски
Јагулата со ѕвезден восхит
Ја разголуваат
Сончеви дамки
До солените води
И морските длабочини
Свадбеното патување
И ја разнежува утробата
Во тревите
Положува
Бела материја
Со свеченото танцување
Ги напушта речните корита
Влегува во Храмот на морето
Допирот
Со мажјакот
Е тајна
На папочната врвца
Со местото
На постанокот
Како невеста со Светол Ореол
Го препознава јатото
Скриена во морските корења
И непогрешливо
И точно ги води
Кон слатките води
На Црниот Дрим
Со илузијата го развеселува
Срцето што и гасне
Скриена
Како осама
На Космичката вечност
Одново
ќе поверува во Бесмртноста