28 мар.
Да те прашам: ти мое црвено вовче мало
Каде уште толку рано в зори си се вдало
Дали добро утро на патниците ќе им речеш
Или тежок товар од вреќи и кутии ќе влечеш
А ти коњче бело и брзо мое мило
Каде во ноќта темна си се скрило
Како ноќта ја мина без храна и вода
Сега играј, скокај и биди на слобода
Во собата имам и елка, бор и смрека
Цела шума за волк, лисица и мечка
Ти ловецу мислиш дека добар лов те чека
Но ти ја скрив пушката и тоа е најголемата пречка
Ќе си играм со прекрасната кукличка Лела
За неа мајка ми облека топла и нежна сплела
Јас со неа цел ден си играм и ноќе заедно спијам
Затоа и најголемите тајни никогаш не ги кријам!
Христо Петрески