Телефони


Секоја слободна сабота
Јас и тато зборуваме
Како колеги од работа.

Молив ќе му подарам
Тој вели: - БЛАГОДАРАМ!

Кифла кршам на два дела
И  - ПОВЕЛИ! - јас му велам.

За ужинка тато денес
Сок  ќе купи и за мене.

Од весникот, без брзаница
Делиме по една страница.

Ѕррр! За телефон како правиме?
Брзаме да се јавиме.

АЛО! Моја и негова рака
АЛО! Секој да зборува сака.

Телефонот ни е СВЕТСКИ
Уште еден треба - ДЕТСКИ!                                                    
 

Велко Неделковски