06 апр.
Песна за бабите
Детето:
Бабо, снег врне вон!
Од небо тој се рони,
го сее ли некој дрон,
или така ми се сони?
Бабата:
Зима е уште, ладна зима!
Додека Бабите не минат,
сѐ и сешто тука ќе има
и снег по улици ќе ринат.
Детето:
Марта, далеку некаде лета
низ пролетни ветар и бура
штрк во гнездо веќе слета
зар, уште трае зима сура?
Бабата:
Бабите, бабите, бабите...
Само три дена траат тие
да си ги покажат забите-
студот во нив што се крие.
Панде Манојлов