02 апр.
Ѕвони ѕвон
Ѕвони ѕвон -
телефон!
Душка вклучи
микрофон,
потоа и
камера:
-Некој има
намера!
-Здраво Маја,
како си?
-Здраво Душка,
дома си?
-Нешто тајно?
Кажувај!
-Дојди дома,
станувај!
-Мамо, мамо,
слушни ме!
Ајде стани,
гушни ме!
Многу тешка
лекција -
одиме на
секција!
Стивна ѕвон,
телефон,
па исклучи
микрофон,
потоа и
камера.
-Види каква
намера
Мирко Томовски