Едукативните изданија „Чекор по чекор до правилен говор“ и „Светот на Марко и Марија“ се резултат на соработката помеѓу „Феникс“ и логопедскиот и дефектолошки центар „Интеракција Плус“. 
„Чекор по чекор до правилен говор“ се состои од дидактички вежби од логопедски карактер за визуелно учење и запознавање со основните поими, предмети и појави.
„Светот на Марко и Марија“ претставува илустриран водич кој преку приказната за Марко нè запознава со специфичностите на аутизмот кај децата.
Со овие изданија сакаме да дадеме придонес во градењето на говорно-јазичниот модел кај секое дете и поуспешно вклучување во сите образовни институции.