Име на училиштето: ООУ “ Тихомир Милошевски“
Адреса на училиштето: ул.62 бр.1 с. Ново Село, Општина Ѓорче Петров, Скопје
Телефон и факс на училиштето: Телефон 02/2037-805 Факс.02/2050-582
E-mail на училиштето: tihomirmilosevski@yahoo.com
Веб страница: ооу-тихомирмилошевски.мкд
Директор на училиштето: Јагода Петковска
Каде се наоѓа училиштето (Општина и населба): во Ново Село - општина Ѓорче Петров.
Краток историјат на училиштето:
ООУ “Тихомир Милошевски“ е лоцирано во с. Ново Село – Скопско и припаѓа на општината Ѓорче Петров. Училиштето е формирано во 1954 година како училиште на македонски наставен јазик. Во првите години од формирањето својата дејност ја одвива во една училница, со настава во една комбинирана паралелка од прво до четврто одделение. Со зголемувањето на бројот на жителите на територијата на која гравитира училиштето, од 1965 година па се до денес е доградувано повеќе пати. Во 1971 година се доградени 3 училници, во 1975 се доградени 4 училници и 2 помошни простории. Во 1986 уште 4 училници и 3 помошни простории и во 1995 година е доградена уште една помошна просторија. На почетокот од своето постоење училиштето својата наставна дејност ја одвиваше како подрачно училиште на Централните училишта: Моша Пијаде, Мирче Ацев и Страшо Пинџур, а од март 1987 година преминува во самостојно училиште со што се создаваат и далеку поповолни услови за изведување на наставата. Во 1992 година е воведено и парно затоплување со што во голема мерка се подобрени условите за настава, но потребно е префрлање на парното од тврдо на течно гориво. Во 2001 година училиштето е санирано благодарение на донацијата од организацијата “Shelter”.
Краток опис на училиштето (колку има одделенија и ученици и со што располага училиштето – училници, кабинети, спортска сала и слично):
Наставата е организирана во две смени со вкупно 20 паралелки од I-IX одд. и вкупно 479 ученици. Училиштето располога со 11 универзални училници, еден кабинет по информатика, училишна библиотека, една наставничка канцеларија, канцеларии за директор, педагог, психолог, дефектолог, секретар, просторија за технички персонал. Од септември 2009 нашите ученици за наставата по физичко и здравствено воспитание ја користат спортската сала „Христо Батанџиев“ лоцирана во дворот на училиштето. Училиштето располага и со спортско игралиште.
Краток опис на изведувањето на наставата:
Наставата во училиштето се реализира на македонски наставен јазик, и во две смени. Во предметна настава се практикува кабинетска настава. Согласно своите интереси и способности, учениците имаат можност да слушаат изборни предметни како Танци и ора, Нашата татковина, Истражување на родниот крај, Програмирање, Проекти од ликовно образование, Вештини на живеење..
Учениците учествуваат и во повеќе секции и работилници по различни предмети каде можат да го покажат својот талент.
Во училиштето се води и посебна грижа за здравственото воспитание на учениците, како и грижа на полето од јавната и културна дејност. Се организира додатна и дополнителна настава, а работат и повеќе училишни секции. ООУ,,Тихомир Милошевски“ од општина Ѓорче Петров, ги опфаќа учениците од реонот на с.Ново Село, населба Кисела Јабука, населба Стопански Двор и делумно од с. Волково.
Проекти во кои учествува училиштето (успеси и резултати):
Желбата на учениците за поголеми успеси и афирмација на училиштето влијаат нашето училиште да биде вклучено во многу проекти како што се :
Проектот „Безбедни училишта “
Еко проектот
Забавни фудбалски школи - Open Fun Football School
Меѓуетничка интеграција,
Нашиот проект „Патуваме, се дружиме , истражуваме“ преку кој посетуваме голем број културни, историски и научни институции.
За својата досегашна успешна работа училиштето ги има добиено следниве награди и признанија:
Како училиште можеме да се пофалиме со бројни награди и постигнувања на нашите ученици. Учениците заедно со нивните наставници, ментори, активно се вклучуваат на сите конкурси, литературни и ликовни, како и на сите напретвари, почнувајќи од општински, а успеси бележиме и на државните натпревари. Наши ученици учествуваа и на Математичките олимпијади, добитници се на награди за иновации, најбројни се нашите ученици на доделувањето на годишните награди кои ги организира нашата општина Ѓорче Петров. Особени резултати нашите ученици постигнуваат на спортските натпревари и на натпреварот по Народна.
За постигнатите резултати на сите овие полиња говорат и многубројните награди кои ги красат холовите на нашето училиште.