Мени
Вашата кошничка

Христо Петрески

Христо Петрески е роден на 4 февруари 1957 година во Крушево. Тој е основач и директор на издавачката куќа "Феникс", Фондацијата "Македонија презент" и Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност - Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1985 година, каде е еден од основачите на списанието "Стожер" и на манифестацијата "Празник на липите". Автор е на повеќе од 50 свои книги. Преведен е на повеќе странски јазици и добитник е на голем број републички и меѓународни награди и признанија.Поетски книги за возрасни:"Огледало" ("Современост" - Скопје, 1979) "Вулканска потреба" ("Култура" - Скопје, 1981) "Разговор са зидовима" ("Омладинска искра" - Сплит, 1981) "Во јагодата црв" ("Студентски збор" - Скопје, 1982) "Врв" ("Мисирков" - Битола, 1983) "Штит" ("Мисла" - Скопје, 1985) "Туѓо тело" ("Македонска книга" - Скопје, 1990) "Путник у повратку" ("Мацуо Башо" - Оџаци, 1991) "Забел" (избор, "Мисла" - Скопје, 1991) "Камен јазик" ("Феникс" - Скопје, 1996) "Стаклен клуч" ("Феникс" - Скопје, 2003).Поетски книги за деца и млади: "Бонсаи" ("Детска радост" - Скопје, 1991) "Бел петел врн ветер" ("Детска радост" - Скопје, 1992)Проза за возрасни: "Продавница на чист воздух" ("Мисла" - Скопје, 1988) "Добриот ѓавол" ("Феникс" - Скопје, 1996)Проза за деца и млади: "Скопскиот трамвај" ("Феникс" - Скопје, 1996) "Најголемата тајна" ("Феникс" - Скопје, 2004)Критики: "Споени садови" ("Наша книга" - Скопје, 1986)Публицистика: "Дванаесет горостаси" ("Млад борец" - Скопје, 1983) "Собеседници" ("Наша книга" - Скопје, 1989)Антологии и избори: "Вишнеења" (родољубива поезија, "Млад борец" - Скопје, 1980) "Визија на целината" (светски краток расказ, "Мисла" - Скопје, 1992) "Белиот фустан" (светска куса проза, "Феникс" - Скопје - 2001) "Во стварноста е реалноста сосема поинаква" (светски графити, "Феникс" - Скопје, 2002) "Подарок од срцето" (љубовни песни и писма, "Феникс" - Скопје, 2003)Христо Петрески е добитник на повеќе награди: за стихозбирката „Камен јазик“ ја добил наградата „Ацо Шопов“; за новинарската дејност ја добил наградата „Крсте Петков Мисирков“; за книгата за деца „Скопскиот трамвај“ ја добил наградата „Васил Куноски“; за хаику поезија добил награда на Книжевната општина Вршац; добитник е на наградата на ДПМ „Празник на липите“ за најдобра песна и есеј; добитник е на награда на Културно-просветната заедница на Македонија; добитник е на награда на Републичката конференција на младината на Македонија; за збирката поезија „Погрешен човек“ ги добил наградите „Иво Андриќ„ и „Македон“.
Автор: Христо Петрески Model: W58VMP
Да застане некој пред тебе и да ти каже “Јас сум ти ќерка”, а ти да не знаеш, е повеќе од стрес. Но, ќе те издадат очите, додека гулабот не одлета во манастирскиот кафез.-Ќерко, сега кога веќе го имаш факултетот зад себе, би требало да станеш и мајка.-Не, татко, јас никогаш нема да можам да ..
210.00 ден.
Ex Tax:210.00 ден.
Прикажани 13 од 24 до 45 (4 Страни)