Христо Петрески е роден на 4 февруари 1957 година во Крушево. Тој е основач и директор на издавачката куќа "Феникс", Фондацијата "Македонија презент" и Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност - Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1985 година, каде е еден од основачите на списанието "Стожер" и на манифестацијата "Празник на липите". Автор е на повеќе од 50 свои книги. Преведен е на повеќе странски јазици и добитник е на голем број републички и меѓународни награди и признанија.Поетски книги за возрасни:"Огледало" ("Современост" - Скопје, 1979)
"Вулканска потреба" ("Култура" - Скопје, 1981)
"Разговор са зидовима" ("Омладинска искра" - Сплит, 1981)
"Во јагодата црв" ("Студентски збор" - Скопје, 1982)
"Врв" ("Мисирков" - Битола, 1983)
"Штит" ("Мисла" - Скопје, 1985)
"Туѓо тело" ("Македонска книга" - Скопје, 1990)
"Путник у повратку" ("Мацуо Башо" - Оџаци, 1991)
"Забел" (избор, "Мисла" - Скопје, 1991)
"Камен јазик" ("Феникс" - Скопје, 1996)
"Стаклен клуч" ("Феникс" - Скопје, 2003).Поетски книги за деца и млади:
"Бонсаи" ("Детска радост" - Скопје, 1991)
"Бел петел врн ветер" ("Детска радост" - Скопје, 1992)Проза за возрасни:
"Продавница на чист воздух" ("Мисла" - Скопје, 1988)
"Добриот ѓавол" ("Феникс" - Скопје, 1996)Проза за деца и млади:
"Скопскиот трамвај" ("Феникс" - Скопје, 1996)
"Најголемата тајна" ("Феникс" - Скопје, 2004)Критики:
"Споени садови" ("Наша книга" - Скопје, 1986)Публицистика:
"Дванаесет горостаси" ("Млад борец" - Скопје, 1983)
"Собеседници" ("Наша книга" - Скопје, 1989)Антологии и избори:
"Вишнеења" (родољубива поезија, "Млад борец" - Скопје, 1980)
"Визија на целината" (светски краток расказ, "Мисла" - Скопје, 1992)
"Белиот фустан" (светска куса проза, "Феникс" - Скопје - 2001)
"Во стварноста е реалноста сосема поинаква" (светски графити, "Феникс" - Скопје, 2002)
"Подарок од срцето" (љубовни песни и писма, "Феникс" - Скопје, 2003)Христо Петрески е добитник на повеќе награди:
за стихозбирката „Камен јазик“ ја добил наградата „Ацо Шопов“;
за новинарската дејност ја добил наградата „Крсте Петков Мисирков“;
за книгата за деца „Скопскиот трамвај“ ја добил наградата „Васил Куноски“;
за хаику поезија добил награда на Книжевната општина Вршац;
добитник е на наградата на ДПМ „Празник на липите“ за најдобра песна и есеј;
добитник е на награда на Културно-просветната заедница на Македонија;
добитник е на награда на Републичката конференција на младината на Македонија;
за збирката поезија „Погрешен човек“ ги добил наградите „Иво Андриќ„ и „Македон“.