- Залиха: Достапен
- Автор: Владимир Костов
- Димензии: 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2005
- Број на страници: 74
- Корица: мек повез
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-143-X
This offer ends in:
Владимир Костов роден е 1932 година во Битола каде завршил основно образование и гимназија. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот во Битола. Сега е во пензија. Автор е на повеќе романи, новели и збирки раскази, како и повеќе книги за деца и млади. Неговите романи “Свадбата на Мара”, “Грешниот Захарија” и “Црквичето Четириесет маченици во Битола” драматизирани се и со успех се претставени на сцената на Битолскиот народен театар. Меѓу поистакнатите негови книги за деца и млади се: “Каде си тргнал сине”, “Шумата ечеше”, “Тестамент”, “Ми кажа”, “Солза за Мите”, “Суровата школа на животот” и др. Добитник е во два наврата на наградата “4 Ноември” на град Битола, како и на републичките награди “11 Октомври”, “1 Мај”, “Рациново признание” и “Ванчо Николески”. За книгата “Битолските приказни на Марко Цепенков” е добитник на првата награда “Јуниор” на Конкурсот на Издавачката куќа на Феникс од Скопје за книга за деца и млади.