- Залиха: Достапен
- Автор: Бранко Ќопиќ
- Димензии: 14.80cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2014
- Број на страници: 148
- Корица: мека
- Јазик: македонски
Гледам момчиња, дека сте учеле, но нешто не сте при себе. Расеани сте, мислите ви лутаат, ви бегаат... Знам јас убаво што е тоа - улави години. –Господине, професоре, што се тоа улави години? – Кажувајте ни професоре! –Деца, па вие сте сега во улавите години – добродушно рече старецот. –Тоа се тринаесеттата, четиринаесеттата, петнаесеттата година кога децата ќе се вознемират, стануваат непокорни, своеглави, ги пишуваат првите песни, се бунат, а и момче ќе се загледа во девојче... Вака во романот Улавите години, писателот Бранко Ќопиќ, преку искажувањето на професорот по историја, ги опишува улавите, односно “магарешките“ години и го појаснува самиот наслов на книгата. А во неа, на мошне едноставен начин, преку непосреден исказ, Ќопиќ раскажува за Бихаќ, за борбите во него за време на Народноослободителната борба, а најмногу се задржува на ученичко – детскиот,интернатски живот. Неговиот хумор, лукавоста и смислата да се доловат и најситните детали за алчноста, настаните и појавите –вткаени се и во Улавите години,книга која се чита и препрочитува, брзо и лесно, а бројните интересни случки долго се паметат и прераскажуваат потоа...