Мени
Вашата кошничка

Чекајќи го Годо

Чекајќи го Годо
-15 %
Чекајќи го Годо
  • Залиха: Достапен
  • Автор: Семјуел Бекет
  • Димензии: 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2009
  • Број на страници: 105
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-493-1
161.50 ден.
190.00 ден.
Без ДДВ: 161.50 ден.
1 или повеќе 161.50 ден.

Семјуел Бекет е роден во 1906 година во Фоксрок, во близина на Даблин, во Ирска. Негови први дела се: збирката раскази More Priks than Kicks (1935) и збирката песни Коските на Ехина и други преципитати. Потоа, следуваат романите: Марфи, Вот, Мерси и Камие, Моло, Малон умира и Неименливи, збирката Новели и текстови за ништо, како и драмите: Чекајќи го Годо, Крај на партијата, Краповата последна лента (1958), Среќни денови (1961), Игра (1963). Освен ова има објавено многубројни кратки текстови: прозата Како е (1961), Замисли ја мртвата фантазија (1965), Друштво (1981), Лошо видено, лошо речено (1983), радио игри и едно филмско сценарио. Умира во 1989 година. “Чекајќи го Годо” е драма која претставува празнина, чекање како празно дејство. Не драма во која Бекет зборува за празнината, туку самата е празнина, отсуство на дејство и вообичаена смисла и порака од драмата. Бидејќи чекањето е празно дејство, невозможноста да се напише драма за чекањето се изразува самата себеси...